Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје.
Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје.
Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции.
Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили.
-Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“.
Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“.
-Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap.
Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии.
Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот.