Северна Кореја истрелала „неидентификуван проектил“ од крајбрежниот појас кон морето во источна насока, соопшти Генералштабот на Армијата на Јужна Кореја.
Од почеткот на оваа година Пјонгјанг досега спроведено десет ракетни тестирања, меѓу кои и на интерконтинентална балистичка ракета, за првпат од 2017 година.
Властите во Северна Кореја најавија продолжување на развојот на својот нуклеарен арсенал, притоа игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.
Последните тестирања на ракетните потенцијали на севернокорејската армија се случуваат во време на примопредавање на власта во Сеул, каде наредната седмица функцијата треба да ја преземе новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол кој најави построг став во односите кон Северна Кореја.