Пјонгјанг соопшти дека во четвртокот двата нови наведувани проектили ги погодиле метите и дека развојот на оружјето е важен за јакнење на воената моќ на земјата и одвраќањето на сите закани на Корејскиот Полуостров.

– Се консултираме со сојузниците и партнерите и ќе добијат одговор, ако се одлучат за ескалација. Ќе одговориме соодветно, но самиот сум спремен и за некој вид дипломатија, доколку крајниот резултат биде денуклеаризација, порача Бајден.

Вашингтон побара состанок на комисијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која ги следи санкциите против Северна Кореја.

Состанокот требаше да се одржи вечерва, зад затворени врати.