На состанокот покрај тимовите на МТСП и АВРСМ, присуствуваа и претставници од УНДП кои работат на имплементација на дел од мерките.

Поголемиот дел од активните програми и мерки за вработување и оваа година се атрактивни за граѓаните и интересот за нив е голем. Оттука, беше констатирано дека, до денес околу 85 проценти од Оперативниот план веќе е реализиран, а во наредниот период дополнително ќе се интензивира неговата имплементација.

„Мерките кои произлегуваат од Оперативниот план ја поттикнуваат економијата да отвора нови работни места. Како Влада и Министерство, токму тоа беше наша цел. Со спроведување на мерките и програмите од Оперативниот план се зголемува вработливоста на невработените лица и се овозможува полесен влез на пазарот на труд“, рече министерката Шахпаска.

MТаа најави дека веќе е подготвен ревидиран Оперативен план со кој за најатрактивните мерки, како што се поддршка за самовработување, субвнционирање на плати, како и за новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор, за што се обезбедени дополнителни 284 милиони денари. Голем интерес има и за обуката за развој на дигитални вештини, како и за возачи за Ц и Д категорија.

На состанокот беше заклучено дека Агенцијата за вработување треба да изготви анализа која ќе покаже кои мерки од Оперативниот план треба да продолжат и во наредната година.