Со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34 отсто од просечната месечна нето-плата исплатена по работник претходната година, ќе добиваат 1100 нови стечајни работници.

– Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена, 13 000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обесштетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат не помалку од 52 години, а мажите 55 години, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека Предлог-законот е дел од решавање на прашањето на стечајците кое, како што рече, се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.

– Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните се цел да се опфати што е можно поголем број лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните, рече Шахпаска. ​

Предлог-законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови, соопшти Министетството за труд и социјална политика.