Владата на Република Македонија на 129-та редовна седница ги усвои информативните точки за интеграција на Информацискиот систем за управување со човечки ресурси со Централниот регистар на население, интеграција на Системот за управување со документи со Централниот регистар за правни лица и официјални потпосници и интеграција на Системот за управување со документи со националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk).
Министерот за информатичко општетество и администрација Јетон Шаќири во пишана изјава посочува дека интеграцијата меѓу Системот за управување со документи и Централниот регистар за правни лица и официјални потписници е финализирана и успешно работи.
Тендерската постапка за интеграција на Националниот портал за електронски услуги со ДМС , како што вели, е во тек и наскоро ќе биде потпишан договорот за одржување на системот.
Шаќири истакнува дека проецсот на дигиталзиација е во најважните поставени цели на кои се посветени.
Во однос на интеграцијата на Информативниот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со Централниот регистар на население, планирани се активности за новиот систем ИСУЧР.
-Нашата цел е да создадеме капацитети и да ја зголемиме благосостојбата на нашите граѓани и сметаме дека дигитализацијата е еднa од главните придонесувачи за постигнување на оваа цел, наведува Шаќири.