Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, непосредно пред почетокот на учебната година гостуваше во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој кажа за доцнењето на учебници дека нема да биде како претходната година. Шаќири дополни дека онаму каде што нема да стигнат учебниците, ќе има подготвителни материјали.

„Ќе имаме доцнење за одредени учебници, особено во шесто одделение, но учебниците во оваа година нема да доцнат како што беше минатата учебна година. Минатата година сите постапки ги задоцнивме, и ние како министерство кога видовме, веднаш реагиравме. И лани, како и во оваа учебна година за децата да не се без програма, ќе имаат подготвителни материјали. Според нашите пресметки оваа учебна година, и според сите констултации дека нема да задоцнат како претходната учебна година. Затоа ќе има подготвителни материјали за оние учебници кои ќе доцнат, и ќе нема никаква штета ако имаат и подготвителни материјали и учебници. Верувам дека до крајот на септември ќе ги имаме сите учебници“, рече Шаќири кој додаде дека проблемот со учебници е долги години и се работи на негово решавање.