Многумина беа изненадени од ваквата одлука на владата, бидејќи досега неколку земји воведоа само задолжителна вакцинација за здравствените работници.
Шаленберг на конференцијата рече дека има премногу политички сили кои се борат против вакцинацијата, која е неодговорна и претставува напад врз здравствениот систем.
– Затоа се одлучивме за тешки мерки. Вакцинацијата ќе биде задолжителна во целата земја од 1 февруари. Тоа е единствениот начин да се излезе од маѓепсаниот круг на инфекцијата. Не сакаме петти, шести бран… Вирусот останува, ќе мора да живееме со него, а единствениот начин е вакцинацијата, рече Шаленберг.
Некои земји, како Франција, Грција и Хрватска, воведоа задолжителна вакцинација за сите здравствени работници, а пионер во таквиот радикален третман на здравствените работници беше медицинскиот центар во Вирџинија, кој во 2004 година бараше од своите вработени да се вакцинираат против грип секоја година.