Ниту еден македонски Универзитет не се најде меѓу првите 1000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во Светот, или позната како „Шангајска листа“.

На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.

Од регионот, Универзитетот во Белград се најде меѓу 401-500 место, односно бележи пат со оглед дека минатата година беше меѓу 301-400 место.

Универзитетот во Загреб се најде на истото место како и белградскиот, додека во Љубљана е на 501-600 место. На листата се најда шест грчки Универзитети.

Освен од Македонија, на листата нема ниту еден универзитет од Албанија и од Бугарија.