Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска објави дека на Европската унија и треба Западен Балкан и дека на регионот му е потребна Унијата.
По самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, Мишел на Твитер ја истакна својата „силна поддршка“ за зајакнување на процесот на интеграција и напредок во процесот на пристапување во Унијата.
Тој додаде дека, кога станува збор за Северна Македонија, „продолжува работата за брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение“.