Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија.