Министерот Ал Тани, на заедничката прес -конференција со негов иот колега од ЕУ, Жозеп Борел, во Доха, меѓудругото, зборуваше и за одбивањето на талибанците да им дозволат на ученичките во средните училишта да го продолжат своето образование, неколку недели откако групата ја презеде владата. во Авганистан.

-Разочарувачки е да се види дека се прават чекори назад, рече тој.

Доха беше клучен посредник во неодамнешното повлекување на американските сили од Авганистан и помогна во евакуација на илјадници странци и Авганистанци.

-Мораме да го продолжиме ангажманот и да им кажеме да не донесуваат такви одлуки. Исто така, се обидуваме нма талибанците да им демонстрираме како муслиманските земји можат да ги спроведат своите закони и да се носат со проблемите на жените, рече Ал Тани.

„Еден од примерите е Катар, која е муслиманска држава. Нашиот систем е исламски, но кога зборуваме за работна сила, имаме повеќе жени отколку мажи, и во владата и во високото образование“, додаде тој.

Талибанците го следат екстремното толкување на исламските закони кои ги одделуваат мажите од жените и го ограничуваат пристапот на жените до работа.

Пред две недели, Талибанците им забранија на девојчињата да посетуваат средни училишта, а изминатите денови избија протести на жените ширум Авганистан.