Приведен е шефот на станицата на Лариса, Василис Самарас, а против него е поднесена кривична пријава за нарушување на безбедноста на превозот, убиство од небрежност и телесни повреди од небрежност.

Според неговиот адвокат тој уште од првиот момент ја презел одговорноста за несреќата.

По кривичен прогон против шефот на станицата, се очекува предметот да биде изнесен пред Апелациониот суд во Лариса.

Иако првично тврдеше дека несреќата се случила поради системска грешка, на крајот сепак признал дека патничкиот воз го пуштил да вози на погрешни шини,пренесуваат грчките медиуми.