– Една лажна вест може да сруши цел еден систем или да го наруши неговиот кредибилитет до таа мера што ќе го загрози неговото функционирање. Затоа носиме Стратегија за справување со хибридните закани, посочува таа.
Министерката истакнува дека Министерството за одбрана е носител на ваквата иницијатива.
– Се погриживме да изработиме стручен текст со сите потребни анализи и насоки за дејствување. Денес отворив јавна расправа за неговата содржина со државните и безбедносните институции и со невладиниот сектор. Оваа важна тема е високо на агендите и на НАТО и ЕУ, додаде министерката за одбрана.