-С. Македонија како посветен и НАТО сојузник, целосно ги поддржува вредностите на Алијансата и цврсто верува во столбот на НАТО – колективната одбрана и подготвеноста заеднички да се гарантира мирот и стабилноста на целата евроатлантска област, рече министерката Шекеринска при посетата на воената база Адаџа каде тројцата министри извршија обиколка и имаа средби со војниците и командната структура.
Таа истакна дека присуството на тројцата министри од регионот, на северот на Европа, испраќа моќна порака на сојузништво и солидарност во Алијансата.
Министерката порача дека Армијата со учеството во мисијата КФОР во Косово веќе дава свој значаен придонес кон регионалната стабилност, но и дека постои подготвеност заедно со Словенија и со Црна Гора да преземеме дел од одговорностите и во рамките на борбената група на Алијансата во Латвија.
– Одличното досегашно искуство во заедничките регионални процеси, како и заедничкиот регионален придонес во мисиите ИСАФ и ’Одлучна поддршка’ во Авганистан, се доказ дека балканските земји – сојузници во НАТО функционираат одлично во заеднчки контингенти и дека бенефит од ова заедничко учество би имале и трите држави од регионот, но и целата Алијанса“, рече министерката Шекеринска и додаде дека Македонија, Црна Гора и Словенија имаат одлична меѓусебна билатерална соработка која го отвори патот за заеднички придонес и во „Зајакнато истурено присуство“.