Шест лица загинаа во авионска несреќа во Најроби, – меѓу нив и две кои биле на земја

Шест лица го загубија животот при авионска несреќа во Најроби, кога мал авион се урна во предградието Гитураи, североисточно од главниот град.

Како што изјави денеска еден официјален претставник, две од жртвите не биле во леталото, туку се наоѓале на земја во моментот на падот.

Според Ројтерс, засега не е познат ниту видот на авионот, ниту причината за авионската несреќа во Најроби.

Не е соопштено колку патници имало на летот, ниту каква била неговата намена.

Полицијата соопшти дека не може да даде повеќе информации за инцидентот.

Од кенијската војска, која обично учествува во вакви истраги, сè уште нема официјален одговор или изјава.

Властите отворија истрага за причините и околностите под кои се случила авионската несреќа во Најроби.

Извор: Б92