Американското Обвинителство денеска поднесе најмалку шест нови обвиненија пред Федералниот суд на Менхетен против Шон „Диди“ Комбс. Тој, меѓу другото, е обвинет за силување, сексуална трговија, сексуално злоставување и злоупотреба на малолетно момче.

Поточно, две тужби се поднесени од жени, а четири од мажи. Нивните адвокати велт дека тие се дел од група од повеќе од 100 наводни жртви кои допрва треба да поднесат обвинение против Комбс, кој беше уапсен минатиот месец. Од новите тужители, инаку маж – тврди дека Комбс во 1998 година, за време на разговор „за можен влез во музичката индустрија“, Комбс наводно го допирал и „му наредил да ги соблече панталоните“, оти тоа е „обредот за пред да се стане музичка ѕвезда“, пренесуваат американските медиуми.

Хип-хоп магнатот „Диди“, познат и како Пи Диди или Паф Деди, се товари и за принуден орален секс и дрогирање заради онеспособување на ртвите.

Од нив, една жена го тужи затоа што ја силувал во заклучена хотелска соба во 2004 година, откако ја поканил таму и еден пријател на забава. А пак, друга тврди дека Комбс ја силувал во бања во 2005 година, на забава во куќата на раперот Биги Смолс.

Во другите тужби поднесени денес, Комбс е обвинет дека принудил маж на орален секс во магацин во стоковна куќа во њујоршката општина Менхетен во 2008. и оти сексуално нападнал маж на забава во октомври 2021 година.

Комбс се наоѓа во Федералниот затвор во њујоршката општина Бруклин од 16 септември. Пред три недели, судијата отфрли кауција од 50 милиони долари, куќен притвор и електронско следење, откако откри дека Комбс може да влијае на сведоците и тековната истрага.