Шест повредени во пожарот во Кочани денес се враќат од лекувањето во странство. Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград) и еден од Италија. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.

Денеска се враќаат уште пет пациенти од странство – состојбата на критичните пациенти останува непроменета

Министерството за здравство инфомираше дека ги следат и останатите пациенти во странство. Кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба. Шест повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат во државава.

Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба. Владата презема мерки за утврдување одговорност.

Извор: Експрес