Шест точки на дневен ред на 84. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 84. седница, на чиј дневен ред се вкупно шест точки.
Предлог-одлуки и закони за евроинтеграции и безбедност
Пратениците ќе расправаат за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции. На дневен ред е и Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, како и Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање.
Закони по скратена постапка пред пратениците
По скратена постапка, пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.
