Шест лица, меѓу кои пет мексикански државјани, загинаа денеска при пад на хеликоптер во Непал, изјави владин претставник.

Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситула, информира дека спасувачите пронашле пет тела и трагаат по шестото.

Непалските власти претходно соопштија дека хеликоптерот со шест лица исчезнал во Непал.