Се урнале структури со големи топчиња во боја и други новогодишни украси.
Инцидентот се случил попладнево во трговскиот центар Митен, во Ибах, во кантонот Швиц, соопшти регионалната полиција, додавајќи на Твитер дека шест лица се повредени, а зградата е евакуирана.
Швајцарските медиуми пишуваат дека украсите паднале во делот на трговскиот центар каде се одржувал божиќниот панаѓур.
„Одеднаш слушнав удар“, рекол купувач, пренесува веб-страницата на дневниот весник Blick. „Луѓето беа во шок.“
На фотографиите објавени во локалниот весник Bote der Urschweiz се гледаат голем број возила на брза помош на местото на несреќата и спасувачки хеликоптер кој го надлетува центарот.
Портпаролот на полицијата Флоријан Гросман за весникот изјавил дека повредените се пренесени во блиските болници.
Тешко повредениот е пренесен во болница во друг дел на Швајцарија, јави агенцијата АТС.