Тој вели дека со овој документ, лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека тоа го правел без одобрение. Истото, вели тој, е издадено во декември 2020.
– Семејната куќа е изградена 1995 од мојот покоен татко, јас сум нејзин сопственик од 2006. Јас сум сопственик на куќа од приземје, прв, втор кат и кров. Фактичката состојба е и денеска. Ништо не е додадено во имотниот лист, вели Шилегов во своето видео-обраќање до јавноста.
Шилегов го покажа и решението за приватизацијата на градежнопто земјиште, демантирајќи дека не е сопственик на парцелата.
Рече дека не слушнал од опозицијата никаква идеја за политиките за Скопје, но и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот градоначалник Коце Трајановски „се кријат зад“ Данела Арсовска како независен кандидат.