Шкендија ја заврши сезоната на третата позиција на табелата и Ќатип Османи веднаш се повлече по последното коло во Првата македонска фудбалска лига, по што стана јасно дека клубот брзо ќе мора да реагира пред подготовките за новата кампања.
Клубот од Тетово денеска ја информираше јавнсота дека доста звучно име се враќа во мак-фудбалот, бидејќи Ардијан Нухиу се враќа во елитата и е промовиран за нов тренер на првиот тим.
Поранешниот фудбалер на Шкендија е добро познат во Тетово и минатата сезона работеше во Дрита како тренер, а денеска потпишал двегодишен договор со „црвено-црните“.
– Навистина многу добро ја познавам оваа средина, го знам тимот и пресреќен сум што сум тука. Најпрво сакам да им се заблагодарам на менаџерите за укажаната доверба.
– Како фудбалер на Шкендија успеав да ја освојам Првата лига, а сега во проектот е добар и брзо ме убедија. За тренерите е добро кога ќе направат мала пауза, чекав добар проект и тоа го пронајдов во Шкендија, – изјави Нухиу.