Против екипата на Шкупи се водат „нечесни игри на теренот и надвор од него“, реагираше попладнево актуелниот вицешампион, ден по поразот на гостувањето кај Струга ТЛ (4:2) во рамки на 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

– Од денот кога пристигнавме во Шкупи нашата главна цел беше да додадеме вредност на македонскиот фудбал и да го промовираме нашиот клуб и држава европските купови. За таа цел, ја започнавме лигата со сериозни инвестиции на почетокот на сезоната, но видовме во изминатиот период дека започна процес на борба и неправда против нас не само на теренот, туку и надвор од него, соопшти Шкупи.

Скопскиот прволигаш посочи дека нема намера да се откаже од своите шампионски амбиции во новата сезона и најави „многу суров“ одговор доколку во иднина продолжат „нечесните игри кон клубот“.

– Сакаме да констатираме дека лидерите и поддржувачите на нашиот клуб се свесни за настаните и дека нашиот одговор за оние што се обидуваат да играат игри против нас ќе биде многу суров, се наведува во реакцијата на скопскиот прволигаш.