Плановите за дестабилизација на ситуацијата во Русија на крајот на јуни пропаднаа пред се поради посветеноста на рускиот воен персонал на своите должности, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Не можам да не допрам уште едно прашање, на кое сеопфатни одговори даде нашиот врховен командант. Станува збор за обид за дестабилизација на ситуацијата во Русија, кој беше направен во периодот од 23 до 25 јуни. Тие планови пропаднаа пред се затоа што персоналот на руските вооружени сили ја покажа својата посветеност на заклетвата и должностите“, истакна Шојгу на средбата со високиот штаб на руските вооружени сили, пренесува Тасс.

Тој изјави дека руската армија го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина со „ефективни удари“.

Според него, провокациите не влијаеле на активностите на руските борбени групи, па војниците продолжуваат „храбро и верно“ да ги извршуваат своите мисии.

Тој наведе дека руската армија уништила 16 тенкови „Леопард“, што, како што проценил, практично изнесува  еднаков број на возила од овој тип  колку што Португалија и Полска ги испратиле до вооружените сили на Украина.

Шојгу изјави и дека летечките радари А-50 кои учествуваат во т.н специјалната операција, треба да се модернизираат со цел да се зголеми нивната ефикасност.

„Овие летечки радари се користат во специјална воена операција. Навремената модернизација на флотата на овие воздухопловни комплекси значително ќе ја зголеми ефикасноста на воените групи во решавањето на задачите со кои се соочуваат“, рече Шојгу.

Тој рече дека во тек е формирањето на управните тела на Московскиот и Ленинградскиот воен округ и дека истовремено со комплетирањето на персоналот, планираната испорака на оружје, воена и специјална опрема, како и обука на војниците и координацијата на единици, се спроведува, пренесува Танјуг.