Цената на нафтата на светските берзи забележа драматичен раст во раното тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија воведување на целосна блокада на иранските пристаништа.
Вредноста на американската сурова нафта порасна за осум отсто, достигнувајќи 104,24 долари за барел. Истовремено, нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и се тргува по цена од 102,29 долари.
Овој нов ценовен шок доаѓа во период на висока нестабилност предизвикана од конфликтот. Потсетуваме, цената на „брент“ нафтата пред почетокот на конфликтот во февруари изнесуваше 70 долари, но во текот на војната варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари за барел.
Блокада на клучната Ормуска Теснина
Ситуацијата се дополнително усложнува бидејќи Иран фактички ја контролира Ормуската Теснина, која е најважниот воден пат за глобалниот транспорт на нафта.
Од Централната воена команда на САД соопштија дека блокадата на иранските пристаништа е апсолутна и се однесува на сите пловила.
„Блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив“, соопштија од Централната воена команда на САД.
