Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед утрово донесе (не)очекувана одлука да го отпушти менаџерот Рубен Аморим.
Лошите резултати во последните два натпревари (против Вулверхемптон и Лидс) и нарушените односи со директорот за фудбал во клубот, Џејсон Вилкокс, се само дел од причините за отказот.
Главната се чини дека е вчерашната прес конференција, по ремито во Лидс, кога менаџерот даде изјава и демонстратвно ја напушти прес салата.
„Не се викам ни Томас Тухел, ни Антонио Конте, ни Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим.
