Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања убеден е дека неговиот клиент уште од првиот ден нема никаква вина. На јавната седница во Врховниот суд, Ѓорчевски пак, со шокантна изјава вели дека за него опција е и да си го одземе животот откако ќе биде донесена крајната одлука.
„Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам разрешница“
Шокатната изјава на Ѓорчевски од судот е дека тој по одлуката ќе одлучи дали ќе остане на „овој свет“.
„Поделен сум на два света, едното дете ми го зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски.
Туфегџиќ бара укинување на притворот за Ѓорчевски
Неговиот адвокат рече дека бара укинување на притворот за Ѓорчевски. Владимир Туфегџиќ се повика на Европската конвенција за човекови права и вели дека судењето за неговиот клиент, таткото на Вања е во спротивност на истата..
„Притворот трае речиси четири месеци, а нам не ни е дадена барем една индиција дека обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече Туфегџиќ.
Обивинителката децидна – се продолжува мерката притвор
Од друга страна пак се јави обвинителката Наталија Тасевска од државното Јавно обвинителство. Таа одново потенцираше дека Апелациониот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на мерката притвор. Тасевска вели дека се уште се вештачат телефонските разговори.
„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите“, рече обвинителката Тасевска.
Ѓорчевски се поврзува со Палчо
Инаку, Александар Ѓорчевски се поврзува со првоосомничениот во овој случај Љупчо Палевски – Палчо. Наводно тој му давал информации за движењето на неговата ќерка, а крајната цел била изнуда.
Во текот на вчерашниот ден беше донесена и првата осободителна пресуда односно укинат притвор.
(ВИДЕО) Кој е Стефан Димковски – возачот на Палчо чиј притвор е укинат утрово?
Имено, возачот на Љупчо Палевски – Палчо, Стефан Димковски кој беше осомничен дека му помогнал да избега на првиот осомничен Палчо вчера му е укинат притвор.
Се огласи и Фатиме Фетаи
Претходно, за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски се огласи и Вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Според неа тој и натаму да остане во притвор, бидејќи степенот на сомневање во него е висок.