Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џерфи Епштајн.

Во еден од мејловите, Епштајн го информираат за истражување за лек кој ќе стопира самоубиствени нагони. Во истражувањето се користеле мозоци од Македонија.

– Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци — некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци — уредно складирани во замрзнувачи на -112°F. Малата балканска земја Македонија ги придонесува најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји, за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање. – стои во меилот кој е испратен до Џефри Епштајн од лице чие име е цензурирано.

Станува збор за информативен меил кој некој му го испраќа на Епштајн, најверојатно како мпозиција за инвестиција во компанија која би го комерцијализирала лекот. Комбинирано е со објава на Блумберг.

Линк од целиот меил, објавен од страна на Департментот за правда на САД: https://www.justice.gov/epstein/files/DataSet%209/EFTA00490547.pdf