Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон побарале итен прекин на огнот во Украина за време на телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави неименуван претставник на германската влада, пренесува „Танјуг“.
Макрон и Шолц му кажале на Путин дека секое решение за војната во Украина треба да се постигне преку преговори меѓу Украина и Русија, изјави неименуван функционер, пренесува „Ројтерс“.
Тројцата лидери се согласија да останат во близок контакт во наредните денови, додаде тој.