Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не се сомнева во способноста на американскиот претседател Џозеф Бајден за втор претседателски мандат.
Шолц, во интервју за Велт ТВ на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Јапонија, рече дека Бајден има многу јасни идеи и добро знае што се случува во САД и во светот, пренесе Ројтерс.
Бајден (80) е веќе најстариот претседател во историјата на САД.