Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе оствари в среда средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого ќе разговара за актуелни теми поврзани со војната во Украина, економската состојба и билатералните односи.
„Главните теми на разговор ќе бидат руската војна против Украина, како и билатералните, економските и регионалните прашања“, најави портпаролот на германскат Влада.
Тоа ќе биде прва средба на Вучиќ со новиот германски канцелар Шолц. Минатиот месец шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок ги посети Белград и Приштина.
Во истиот ден, Шолц ќе има средба и со премиерот Косово, Албин Курти.