Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе отпатува за Вашингтон. Тоа е трета посета на САД откако ја презеде функцијата пред нешто повеќе од две години.

Шолц утре во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, при што ќе разговараат за воената помош за Украина, конфликтот на Блиски Исток и за претстојниот Самит на НАТО.

Шолц вечерава ќе се сретне со американски конгресмени, а утре наутро планиран е работен појадок со американски претприемачи.