Вишиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле на 11 јануари ќе ги посети Скопје и Приштина, а ден подоцна и Белград, во рамки на посетата чија цел е да ја нагласи трајната посветеност на Соединетите Американски Држави (САД) на мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, соопшти Стејт департментот.

Со македонските власти во Скопје, Шоле ќе се разговара за низа прашања, меѓу кои енергијата, економијата и борбата против корупцијата.

За време на посетата на Приштина, со претставниците на Косовската влада, но и со другите политички лидери и со граѓанското општество ќе разговара за „напорите на САД да помогнат во унапредување на евроатлантските интеграции на Косово“.

Дерек Шоле во Белград ќе разговара за енергетската сигурност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија во поглед на пристапувањето кон ЕУ.

Посетата на Шоле на регионот ќе трае од 11 до 13 јануари.