Шпанија ќе се соочи со Данска во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет, откако „фуријата“ во еден невозможен меч. Шпанците прво изборија продолженија во последната секунда преку Даниел Душебаев, за потоа истиот ракометар во продолженијата да го победи фаворитот.
Во апсолутно израмнет меч, Норвешка имаше фуриозен старт за да поведе со четири гола разлика, но Шпанците потоа се вратија, по што во текот на целото второ полувреме, двете репрезентации немаа поголема разлика од два гола. Во самиот финиш, Норвежаните постигнаа гол и имаа предност, но на 10 секунди пред крајот наместо да тргнат на гол, беа пасивни, за Даниел Душебаев со брз гол да ирамни на 25:25.
И во продолженијата беше израмнето, за во финишот на мечот, помладиот Душебаев да постигне гол, а потоа Перез де Варгас со клучна одбрана да им донесе полуфинале на Шпанците.
Данска, против реално најслабиот противник во четврт-финалето, Унгарија, имаше само „полесен“ тренинг совладувајќи ги со огромни 17 гола разлика (40:23), откако веќе на полувремето имаа недостижни девет разлика. Матијас Гидсел повторно беше фуриозен со девет гола, Питлик додаде седум, а Киркелоке имаше шест гола за Данска, додека за Унгарците Рихард Бодо имаше шест гола.