Но, целосната имплементација на законот веројатно ќе потрае, бидејќи сè уште не е воспоставена процедура за целата земја. Парламентот го одобри предлог-законот предложен од левичарската влада на премиерот Педро Санчез пред три месеци.

Претставниците на конзервативната Народна партија и крајно десничарските популисти на партијата Вокс, како и на две помали партии се спротивставуваат на законот.

Вокс поднесе уставна жалба, но тоа не спречи законот да стапи на сила. Католичката црква исто така се спротивставува на законот.

Законот им овозможува на лекарите да извршат активна евтаназија кај возрасни пациенти кои се терминално или сериозно болни и страдаат од неиздржлива болка.

Ментално заболување не може да биде причина за евтаназија. Законот, исто така, дозволува индиректна евтаназија во форма на потпомогнато самоубиство, што значи дека пациентот помага при извршување на постапката.

Процесот има неколку фази и вклучува неколку лекари, адвокати и комисија. Пациентот мора четири пати да изјави дека сака да стави крај на својот живот.

Ако веќе не е целосно присебен, во предвид може да се земе претходно напишана изјава дека сака потпомогнато самоубиство во случај на терминално заболување и неподносливо страдање.

Лекарите и негувателите исто така имаат право да не учествуваат во евтаназија поради приговор на совеста.