Министерот за енергетика на Шри Ланка соопшти дека државата има залихи на гориво доволни само за пет дена.
Земјата со 22 милиони жители е погодена од најтешката економска криза во последните 70 години. Има рекордно ниски девизни резерви, а се помалку во оптег се и доларите кои се потребни за плаќање на увозната роба, меѓу кои се и храната, лековите и горивата.
Според министерот Шри Ланка не е во можност на добавувачите да им го исплати долгот од 725 милиони долари.
-Се бориме да осигураме гориво поради проблеми со валута, а владата работи на управување на постоечките залихи на дизел и бензин до 21 јуни. Многу е тешко да се задоволи побарувачката, а залихите би можеле многу да исчезнат ако не се намалат непотребните патувања, вели министерот.
Нагласил дека во следните три дена би можело да се случи една испорака на горивата, а во следните осум дена две испораки.