Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вели дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.
Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.
„Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна. Вие решавате како изгледа македонскиот идентитет денес и како ќе изгледа во иднина“, порача германскиот претседател Штајнмајер во Собранието.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски пак е уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време.
Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на националниот херој Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.
Ова е прва посета на Штајнмаер на Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.