Граѓаните по појавата на пандемијата успеале да заштедат повеќе пари во банките споредено со годините кога ковид-пандемијата не беше присутна. Заклучно со октомври штедните влогови во банките се зголемиле за 8,1 процент на годишно ниво, или за 3,8 проценти во однос на 2020 година.
Од македонската банкарска асоцијација велат дека штедењeто е зголемено како резултат на рестриктивните мерки и ограничувањето на движењето со што граѓаните биле принудени да ја намалат потрошувачката.