Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека од почетокот на учебната година па до денеска регистрирани се 25 ученици позитивни на Ковид 19. Половина од нив веќе се и вратени на настава. Во текот на утрешниот ден ќе анализираат и дали ја имаат и правата локална трансмисија во градинка од дете на воспитувач. Инаку, како што вели, имаат благо зголемување на заразени со вирусот од 10 до 19 години, но состојбата е далеку од загрижувачка. Во штипските конфекции немаат локална трансмисија на вирусот и им се појавуваат случаи на заразени работнички, кои со вирусот се заразиле по контакт со член од семејството.
Во штипсккиот ковид центар хоспитализирани се 48 пациенти, од кои 38 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти ја загубија битката со вирусот.