Токму на празникот на жената, штипјанка била жртва на семејно насилство. Сопругот ја нападнал со дрвен предмет.

-На 08.03.2023, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода В.П.(54) од Штип затоа што околу 17 часот во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. По комплетирање на случајот против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.