По првичната радост дека по цели 40 години ќе им се реконструира улицата и откако половина година одеа по раскопана улица, жителите на штипската улица „Панче Караѓозов“ денеска конечно го дочекаа и првиот слој асфалт.
По координации и состаноци меѓу фирмата изведувач и новиот штипски градоначалник Иван Јорданов, механизацијата од денеска е на терен и започна со градежните работи.
Иако самата реконструкција на улицата е со државни средства преку Министерството за транспорт, тротоарите и реконструкцијата на атмосферскиот канал кој ќе чини два милиони денари, Јорданов вели ќе се прават со пари од општината.
– Во текот на наредниот период ќе следи и довршување, односно поставување на водоводни приклучоци и асфалт и на улицата „Личка”, рече Јорданов.