Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.
Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините биле примамливи за крадците, бидејќи е висока цената на железото, кое се користи во градежништвото.
Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.