Очекува во текот на денешниот или утре до полноќ партиите и коалициите да ги достават кандидатурите за градоначалници и за советници.
-Засега останува да имаме 80 избирачки места во Општина Штип, нема промени. Тековно се даваат решенијата на членовите на избирачките одбори, кои се нови. Очекуваме и насоки од Државната изборна комисија, кога ќе бидат обуките за новите членови на избирачките одбори, вели Вацев.
Во Општинската изборна комсија во Штип ќе имаат дежурен тим до полноќ, кој треба да ги чека кандидатурите на партиите и коалициите за градоначалник и советници во Советот на Општина Штип, а кои ќе се изберат на претстојните Локални избори.