На 22 и 23 септември ќе се одржи штипската Пастрмалијада 2023. На денешната прес – конференција во Општина Штип, водителот Миро Кацаров најави дека ќе се одржи нa истото место како и претодната година, а ќе настапат познати македонски и странски ѕвезди, кои ќе ја забавуваат публиката од градот, регионот, но и цела држава.
-Оваа година во петок ќе биде првата вечер на Пастрамалијадата и најголемата ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ. Ќе настапат и Пајак и Лара. Тие имаат хит кој е најслушан од композициите изведени на Макфест. И сабота Амадеус бенд, Љубојна една од нашите групи – Амбасадори надвор од Македонија и ѕвезда на вечерта е веќе позната хрватска пеачка Даниела Мартиновиќ, вели Кацаров.
Ова е последна година Пастрамалијдата да се одржи на ваков концепт. Градоначалникот Иван Јорданов најави новитети наредната година и позитивни промени кои се случуваат. За овогодинешното издание на штипската Пастрамалијда се издвоени 2,5 милиони денари пари од општинскиот буџет и од спонзори.
-Оваа година е последна на одржување на штипската Пастрамалијада на овој концепт, на оваа локација. Од наредната година веќе спремаме едно позитивно изненадување, нов концепт, нова локација која за граѓаните ќе биде позната од догодина практично кога ќе се организираат сите потребни детали за новиот концепт, рече Јорданов.
Александар Арсовски одговорен за организацијата најави дека на 4 септмеври ќе се одлучува по која цена ќе се продава пастрамалијата на посетителите, како ќе се доделат штандовите и кој ќе има право на учество. Бројот на посетители постојано расте па се очелува бројот на штандови да надмине 30.
-Состанок со угостителите ќе се оддржи на 4.9.2023 година во салата на Советот на Општина Штип со почеток од 14 часот. На тој состанок ќе се дефинираат условите за учество на овогодинешното 15. издание на Пастрамалијдата, цената на пастрамалиите и начинот на кој ќе се доделат штандови на кои ќе се продава пастрамалијата, вели Арсовски.
И оваа година е предвидено сечењето на џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.