Општина Аеродром, вечерва во со поддршка на Општина Штип и тамошното јавно комунално претпријатие ќе спроведе акција за расчистување на натрупаниот смет во контејнерите. Акцијата на својата на својата фејсбук страна ја најави градоначалникот Муцунски и истата ќе се спроведе вечерва.

„На мое барање, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов одобри испраќање на механизација и работници кои со поддршка на општинските капацитети, вечерва ќе спроведат акција за расчистување на натрупаниот смет од контејнерите“, напиша градоначалникот Муцунски на фејсбук.

Тој истакна дека поради неодговорноста и лошото работење на градската администрација и јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е општината сама да го решава проблемот со натрупаниот смет во контејнерите.

Вакви слични акции и соработки, попладнево најавија и градоначалниците на Гази Баба и Бутел.