Директорката Марија Димитрова за МИА изјави дека добиле 640 вакцини за граѓаните од ризичните категории, кои може бесплатно да ја примат вакцината.
Без турканици на три пункта се спроведува имунизацијата на граѓаните против сезонскиот грип. Како што граѓаните ќе се пријавуваат на „Мој термин”, така ќе се врши и дотур на вакцини.
-Започната е вакцинацијата против сезонски грип со бесплатни вакцини во Мој термин. Пријавувањето се врши на сајтот vakcinacija.mk. Граѓаните за вакцинирање треба да се јават по добивање на смс порака. Вакцинацијата се врши во ЈЗУ Центар за јавно здравје на петти кат. Се замолуваат граѓаните да го почитуваат терминот и да носат заштитни маски, рече Димитрова.
Најави дека во понеделник ќе почне вакцинацијата со комерцијални вакцини за сезонски грип. Цената на една вакцина е 800 денари. Вакцинирањето ќе биде, исто така, на петтиот кат во ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип. На располагање се 500 комерцијални вакцини.