Денеска ги посети училиштата „Ванчо Прќе“ и „Славејко Арсов“. Јорданов посочи дека сака на лице место да се информира за тековните проекти, но и проблеми. Во моментов во најголемото штипска деветолетка „Ванчо Прќе“ се врши реконструкција на спортската сала, а до Јорданов пристигнале и реакции дека вчера имало и проблем со затоплувањето на училиштето.

-Во разговорите со директорите на училиштата сакаме да направиме првичен увид со состојбата и актуелните проекти, што се во фаза на реализација, вели Јорданов.

Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“, Методи Папаров вели дека проблемот со греење е веднаш надминат. Изгледот на самото училиште е променет, како и условите за едукација на учениците.