Никој нема да ги убива и труе кучињата, дециден е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој одговори на тврдењата на здружението Animal Voice кои повикаа на протест пред Владата, затоа што, според нив, градоначалникот шерифува наместо да решава проблеми.

Мерко директно им кажал дека тој лично ќе излезе на улица и ќе ги убива кучињата, по што тие пријавиле во полиција.

„Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област“, вели градоначалникот Мерко во изјава за Фокус.

Со ова, Мерко директно упати барање до централната власт да се вклучи и да го реши проблемот со бездомните животни.