„Не треба некој да е посебно навлезен во економија за да сфати дека Бујар Османи со тендерот за рентирање на 175 возила од 900.000 евра очигледно некого дебело ќе „омрси”. Кога ќе се погледнат сајтови на рент а кар агенции низ Европа, се доаѓа до заклучок дека луксузно возило како Мерцедес С класа, кое се смета за класа во која се возат највисоки гости се рента за 450 евра од ден, т.е. за два дена 900 евра. Кога ќе се помножи цената за рентање Мерцедес С класа со бројот на возила кои ги побарува Османи ќе се добие 157.500 евра, сума која е 6 пати пониска од тоа што го дава Османи. Уште потрагично е кога ќе се види дека патничко моторно возило – комбе со 7+1 седиште се рента од 45 до 70 евра на ден“, велат од партијата.
Од таму прашуваат кога најлуксузни возила може да се изнајмат за 450 евра од ден, што тогаш Османи ќе плаќа 6 пати поскапо?
„Очигледно е дека Османи и ДУИ треба да заминат во опозиција, колку повеќе се на власт, толку народот е се посиромашен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.